Драги мои,

Биди малку смела е платформа преку која би сакала да обезбедам сигурен простори да иницирам будење на сочуство и поддршка кај девојките и жените меѓусебно. Од некаде мора да се започне. Јас започнав со производите со порака излистани на оваа веб страна затоа што најдобро знам баш тоа да го работам. Да дизајнирам производи и да ги пласирам на пазарот. Само што овие производи ќе играат главна улога во процесот на поддршка и помагање на жените. Дел од профитот од продажбата на производите ќе го собираме во посебен фонд кој ќе биде транспарентен и кој ќе се наменува таму каде што е потребен во консултација со Социјален координатор, адвокат и психолог.

Би сакала приватниот сектор да го препознае потенцијалот на платформата за Општестена одговорнот на нивните компании, а поедниците преку користење или подарување на овие производи да ја рашират идејата и нежно и смело да се  потсетуваат себеси и да ги потсетуваат жените во својот круг да бидат малку смели”.

Нужно е да се зборува за проблемите, но исто така, екстремно важно е да не заборавиме дека секоја од нас има моќ да влијае врз светот околу нас. Секој може да биде коректив на општеството и секој треба да има одговорност за она што го прави. Креативноста и уметноста се канали и алатки за изразување, за бунт, за комуникација и вмрежување. „Биди малку смела“ потсетува дека креативноста не е вродена вештина, туку вештина која ја поттикнуваме, негуваме и развиваме со постојано создавање и креирање. 

 

Нежно и смело,

Ангела

Зошто БИДИ МАЛКУ СМЕЛА

БИДИ МАЛКУ СМЕЛА е мантра која ми се врти во главата подолго време.

“Малку” има врска со машката и женската енергија во секој од нас.

“Малку”  е калибратор на овие две енергии во нас. Кога преовладува машката енергија која знае да не фрли во “ survival mode” треба да бидеме малку помалку смели а повеќе нежни, сензуални и женствени,  а кога во нас преовладува женската енергија чија пак сенка има тенденција да не направи ранливи и самодеструктивни треба да бидеме малку повеќе смели да бидеме свои и да го ставиме нашето енергетско поле во баланс.

“Малку” колку и да е малку, ја прави цела разлика.

Општествена WIN-WIN одговорност

Доколку овој повик го препознавате како можност  да им помогнете на жените кои што се дел од Вашата компанија, да ги подобрат релациите со себе и со жените во нивниот круг, а со тоа индиректно преку нашата платформа ги поддржувате и останатите жени, контактирајте не. 

Станете “БМС” Општествено – одговорна компанија. 

 

Станете дел од нашиот тим

Доколку си нежна и смела, и имаш било каква идеја или вештини за усовршување на оваа платформа контактирај не. 

about us
peach-sky-scaled
maja
peach-sky-scaled
event cover